Home » Вечер во Битола: „Код 369“ како дел од Зимската приказна

Вечер во Битола: „Код 369“ како дел од Зимската приказна

by culturalchat

Битолската група „Код 369“ за своите фанови денес настапува пред Офицерскиот дом во Битола како дел од Зимската приказна. Нивниот настап е од 21 часот.

Битолчани секоја вечер уживаат во празничната музичка програма за секиј вкус токму пред платото на Офицерскиот дом. ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА е со повеќе од 108 часа разновидна програма и 2.000 ведри учесници. Девет дневното патување продолжува и преку музиката.

Код 369 оваа година имаа повеќе концерти, настапуваа и со Камерниот оркестар на Битола, го објавија синглот „Револуција“, а песната е препеана од англиски на македонски јазик.

„Револуција“ е тема која како и сите теми на оваа група, инспирира со позитивниот текст и ведрата и динамична музика и истовремено поттикнува на размислување за општествени промени и промените кои човештвото мора да ги превземе, порано или подоцна, за да го задржи блиското и непосредното, паралелно со сѐ поприсутното виртуелно живеење.

Битолската група „Код 369“ реализираше извонреден успех на музички план минатата година, а потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ и објавата на албумот „Stages of Love “ (Стадиуми на љубовта) им ги отвори вратите кон целиот регион.

КОД 369 се формирани во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Гоце Јованоски (бас гитара, клавијатури). КОД 369 се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски).

После промоцијата на деби-албумот во Хрватска,  КОД го промовирааа официјалниот видео запис за песната „ Вистинска љубов “( Права љубав), кој беше снимен веднаш по потпишувањето на договорот со Кроација рекордс во Загреб.  Тие ги објавија и „Остани до крај“, “Butterflies”, „Месечина“.

Хрватското дискографско здружение го смести албумот на Код во топ 5 кои дефинитивно треба да се чујат. Петгодишниот ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“ беше потпишан минатото лето, после што КОД интензивно почнаа да ја освојуваат хрватската музичка сцена. Во понатамошната соработка со Кроација Рекордс, ги очекуваат изданија на албуми, фестивали. Сето ова ќе им овозможи да го прават она што го сакаат, а тоа е создавање и изведување на музика.

 

Related Articles