Со доделувањето на наградите, заврши 61. издание на Драмскиот амаматерски фестивал во Кочани кое оваа година се одржуваше од 20. До 26.мај. Фестивалот беше отворен со претставата „Вечера за глупаци“ на театарот од Велес, а се затвори со „Чернодрински се враќа дома“ на театарот од Прилеп и „Полански протоколи“ на АКУД Ниш. Во конкуренцијата за наградите, театарската публика годинава имаше можност да ги проследи претставите на десетина домашни групи и ансамбли, но и драмски групи и ансамбли од Ниш, Крагуевац, Прокупље и Смедеревска Паланка од Република Србија.Наградата во категоријата за главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка во претставата “Сомнително лице” под менторство на Јулијана Мирчевска, во изведба на Театарската школа Бабец од Битола.
„Таа се наградува бидејќи најдобро и најуверливо го толкуваше ликот на Живка. Притоа маестрално ги долови комичните моменти во претставата, како и одличната актерска дисциплина и техника на сцената“, беше истакнато во образложението на жирито.Останатите улоги во претставата ги толкуваат: Јеротије Пантиќ – Дарко Велкоски, Анѓа Пантиќ – Анастасија Огненова, Марица Пантиќ – Матеа Василевска, Ѓока – Стефан Доневски, Виќа – Леон Дојчиновски, Таса – Софија Наумовска, Милица – Ана Анѓелевска, Миладинка – Сара Радевска, Алекса – Ана Марија Каранфиловска.
Наградени на 61.издание на Фестивалот беа и:
- Награда во категоријата за претстава за деца и младинци доби претставата “Валентајн, не благодарам” во изведба на Прва проба од Скопје,
- Наградата во категоријата за колективна игра се додели на претставата ”Чернодрински се враќа дома” во изведба на МТЦ Зона од Прилеп,
- Наградата во категоријата за споредна женска улога ја доби Лана Басаров за улогата Лана во претставата “Тивки Жртви” во изведба на МДПЦ Премиера од Велес,
- Наградата во категоријата за главна машка улога ја доби Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa “Аризани” во изведба на Аматерски театар Прокупље од Прокупље.Наградата во категоријата за режија “Борис Стојчев” ја доби Владимир Јованоски за претставата “Момчето со пругасти пижами” во изведба на Летечка театарска трупа Тетово од Тетово.
- Наградата за Гран При “Васил Ќортошов” за најдобра претстава на 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал ја доби претставата “Момчето со пругасти пижами” во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово и други.