Home » Брендот на Битола „Кармен ексклузив“ го прослави својот 30 ти роденден

Брендот на Битола „Кармен ексклузив“ го прослави својот 30 ти роденден

Битола и „Кармен ексклузив“ поврзаност која трае 30 години

by culturalchat

Секој од нас кој се грижи за својот изглед, бара професионалци кои знаат да исполннуваат соништа и кои ќе направат се да сте задоволни од вашиот изглед. Фризерското студио „Кармен ексклузив“ е асоцијација на сето тоа, ваше место, каде сите се чувствуваат како дома, а заминуваат среќни со она што го гледаат во огледалото. Креираат насмевки и негуваат убави луѓе, во една беспрекорна и пријатна атмосфера, момент кој прави да се почувствувате среќни од вашиот одраз во огледало.

Оваа приказна започна во далечната 1992 година со слоганот “За влакно пред другите” и стана не само желба, туку и вистина која трае три децении. Па така „Кармен ексклузив“ го прослави својот голем јубилеј, 30 години од своето постоење.

Сопственикот Димче Ивановски вели дека тајната за успехот е само работа, треба и талент, но и многу работа, многу одрекувања од приватниот живот. Во интервјуто за Тера телевизија тој се присети на своите почетоци и изјави:

„ Веднаш кога се вратив од војска, учев занает кај мојот сега покоен вујко Јовица Нешкоски. Потоа на 3 ти јуни 1992 година веќе го отворив својот салон, на празникот св.Елена и Константин, тој ден ни е и патрон на студиото, и еве постоиме 30 години. Сме поминале низ се и умешност е да водиш бизнис овде“.

Околу тоа колку е лесно или тешко да се задоволат желбите на битолчани, но и клиентите од повеќе градови па и држави кои доаѓаат во Кармен тој рече:

„Јас и мојот тим добро ги познаваме нашите клиенти. Тие ни се како блиски пријатели, и нашата соработка трае долги години“.

Во „Кармен Ексклузив“ секогаш ги следат најновите трендови, па така ја нудат можноста да го остварите посакуваниот изглед, а и повеќе од тоа. Со самото тоа креираат насмевки и сето тоа благодарение на талентот и позитивната енергија на тимот кој не се менува. 30 години не е мала бројка.„Кармен екслузив“ е надалеку познато студио, но и бренд препознатлив за Битола.

„Најважно во бизнисот е да го имаш добриот тим.Екипата што ја имам во Кармен за мене е злато. Тие се мое второ семејство“.

И така е. Весна, Цвете, Нона, Наташа се тимот кој заедно со Диме создаваат една успешна приказна.

Денес се повеќе се употребува терминот Hair стилисти. За тоа Диме вели:

„Ако некој не е добар стилист нема да биде добар фризер. Мора да се поседува тој талент за да бидеш добар фризер и со самото тоа веќе си hair стилист“.

На прославата со многубројните пријатели, соработници и клиенти Ивановски истакна „Без вас, немаше да бидеме она што сме денес“. Долгогодишните клиенти во Кармен, во таа убава атмосфера се чувствуваат како дел од тоа семејство, па каде и да се низ светот секогаш се враќаат на доза насмевки и позитивна енергија средувајќи го својот изглед.

Ивановски е и претседател на Македонската фризерска асоцијација, кои повеќе години го организираат фестивал отна мода убавина и фризура “HAIR FAIR“, на кој земаат учество најпознати фризери стилисти, натпреварувачи и фризерски клубови од Балканскиот регион  и пошироко од Европа. Тој неодамна доби и посебна плакета, благодарница за долгогодишното залагање за напредокот на фризерската дејност во Европа .

За музичката програма се погрижи уште една легенда на Битола, Сефедин Бајрамов.

Честит јубилеј „Кармен ексклузив“.

Фотографии: Агим Џело, Тера телевизија.

 

 

 

 

 

Related Articles