Home » „Блиски сеќавања“ изложба на Вера Христовска во Битола

„Блиски сеќавања“ изложба на Вера Христовска во Битола

by culturalchat

На 02.11.од 20 ч. во изложбениот салон на ДЛУБ, ќе биде презентирана изложбата “Блиски сеќавања“, на фотографката Вера Христовска Умка. Се работи за изложба на фотографии која опфаќа дел од урбаниот и амбиентален културолошки дух на градот Битола низ годините наназад. Моменти кои се дел од нашите сеќавања, по природа далечни, а сепак блиски по дух. На изложбата ќе бидат поставени аналогни и дигитални фотографии, направени во период од 2006 година па се до денес. Изложбата ќе биде дел од програмата за празнување на 4 .Ноември, денот на ослободувањето на градот (80 години од ослободувањето на Битола).

Related Articles