Home » Битолски театар гостува на првото издание на фестивалот на монодрама во Албанија

Битолски театар гостува на првото издание на фестивалот на монодрама во Албанија

by culturalchat

Народен театар – Битола на 11-ти октомври ќе учествува на првото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Verbum Est – Është Fjala“ со авторската претстава на Марјан Георгиевски – „Железно небо“. Фестивалот се одржува од 6-ти до 12-ти октомври во Поградец, Албанија а покрај Македонија учествуваат монодрами од Италија, САД, Косово, Албанија, Украина, Колумбија и Шпанија. Георгиевски заедно со Александар Димовски го создаде овој “cinema theatre”, користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот.Се работи за приказна за еден балканец, за се она што му е обесено на вратот, за неостварените мечти, за “зацапаноста” во малограѓанштината, за соништата кои не можат да се остварат.
За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце.За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења? „Пред недела дена мислев дека имам совршен живот, а денес сакам да си излезам од кожата“.Дизајн на звук и музика Александар Димовски, видео оператор Владимир Переловски, фотографија на плакат Сашо Илковски. Игра Марјан Георгиевски, а гласовите се на Јасмина Василева, Марко Богдановски, Марија Стефановска, Невена Ѓаковска.

 

 

 

Related Articles