Home » Sound Waves секој месец со микс-компилации на домашната музика

Sound Waves секој месец со микс-компилации на домашната музика

by culturalchat

Групата Sound Waves  како дел од нивната мисија за зачувување и промоција на домашната музика, еднаш месечно ќе објавуваат микс-компилации со најпознатите хитови, особено македонски, за да не се заборави нашата музичка традиција и културно наследство.Бендот е составен од Марјан Ѓаковски (гитара, вокал), Димитри Дојчиновски (бас) и Христјан Станковски (тапани). Свират заедно од 2016 година и зад себе имаат над 1000 настапи низ цела Македонија. Нивниот репертоар опфаќа македонски и англиски рок хитови, изведени со силна енергија и препознатлив стил. Познати се по динамичната сценска изведба и блиската интеракција со публиката. Бендот постојано е активен, настапувајќи на најразлични настани, фестивали и клубски сцени.

 

Related Articles