Home » „Minna Aishiteru“ („Сите ги сакам“)- јапонско македонска песна на Пеперминт

„Minna Aishiteru“ („Сите ги сакам“)- јапонско македонска песна на Пеперминт

by culturalchat

Македонската рок група „Пеперминт“ својата нова песна „Minna Aishiteru“ („Сите ги сакам“), напишана на македонски и јапонски јазик ја промовираше во пабот „Drunken Monkeyes“ во Скопје. Во рамките на промоцијата публиката премиерно го погледна видео записот;  проследи изведба на неколку песни на Пеперминт во живо, уживаше во свежо припремено суши; промоција на јапонски пијалоци и музички избор припремен од неофицијалната организација за промоција на источноазиска музика, Beats of Asia“.

Од здружението ПАГОДА кое ја организираше промоцијата истакнаа дека за јапонската верзија, Пеперминт работеа во директна консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу.На промоцијата беше присутен и јапонскиот амбасадор во Македонија.„Со ‘Minna Aishiteru’ Пеперминт стануваат првиот македонски бенд кој создава авторска песна на јапонски јазик“, додаваат од здружението.

Видео записот е во режија на Стефан Рајхл и Горан Трифуновски, кој е и автор на сценариото. Директор на фотографија е Стефан Рајхл; монтажер е Аристид Филактов, додека пак графиката е на Марија Димкароска. Костимите се на Марија Пупучевска и Ангела Богеска, а за сценографијата се погрижи Боби Слободан Гроздановски.

Пеперминт се македонска рок група оформена во 1999 година во Скопје од Горан Трифуновски. Пеперминт досега имаат издадено неколку албуми: „Некако Така“ „Ама ако“, „Мтв Анплагд“, „Пеперминт 2016“.

 

Related Articles