Home » JFF24 Meet the artists: 𝐌𝐀𝐊𝐒𝐈𝐌𝐎𝐕𝐒𝐊𝐈 𝐔𝐍𝐈𝐓𝐄𝐃

JFF24 Meet the artists: 𝐌𝐀𝐊𝐒𝐈𝐌𝐎𝐕𝐒𝐊𝐈 𝐔𝐍𝐈𝐓𝐄𝐃

by culturalchat

Повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство ќе бидат дел од годинешното 7.по ред издание на Џез фактори фестивалот кој ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола, но и во неколку кафе барови. Па така на 4.април во Порта џез ќе настапат 𝐌𝐀𝐊𝐒𝐈𝐌𝐎𝐕𝐒𝐊𝐈 𝐔𝐍𝐈𝐓𝐄𝐃.

Својата кариера Џоле Максимовски ја започна во раните 90-ти свирејќи и снимајќи со различни бендови. Беше член на еден од водечките македонски бенд Архангел. Како ко-композитор тој го покажува својот талент на албумите на Сет и Беневентан трио. Во изминатите 12 години настапува и снима со светски реномирани имиња како Влатко Стефановски, Јан Акерман, Теодосиј Спасов и Стефан Миленковиќ.

Што публиката во Битола може да очекува на настапот?

Џ.М.- Публиката во Битола ќе има можност да го погледне најновиот проект на Џоле Максимовски „Maksimovski United”. Се работи за трио составено од бас, клавијатури и тапани, музичка приказна исткаена од оригинален материјал и мелодии, фузија од страствен фанк и jazzy/world музика.

Покрај Џоле Максимовски -бас, ќе настапат и Александар Никодиновски-клавијатури и Дино Милосављевиќ-тапани.

Од какво значење се ваквите фестивали посебно за нашите музичари?

Џ.М.- Значењето на фестивалот е секако огромно, со оглед на малиот пазар и дефицитот на фестивали од овој тип, така што едвај чекаме да дојдеме во Битола и во Порта Џез.

Што ќе изведете на концертот?

Џ.М.- На концертот ќе бидат изведени мои авторски композиции, дел од најновиот музички проект, како и неколку верзии на наши стари фолк и џез нумери облечени во ново руво.

Влезниците може да се набават онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот:

МАКСИМОВСКИ UNITED

 

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

 

 

 

Related Articles