Home » JFF24 Meet the artists: Сара Ташкоска квартет

JFF24 Meet the artists: Сара Ташкоска квартет

by culturalchat

Програмата на 7.издание на Џез фактори фестивалот е исполнето со изведувачи од Македонија и странство. 6.април е резервиран за настапот на Сара Ташкоска квартетот, и тоа од 13 часот во кафе бар Камарите.Квартетот го сочинуваат студенти од УГД Џез оддел: покрај Сара тука се Давид Скерлевски, Емил Ејупи, Игор Илковски. Сара е џез артист од најмладата генерација музичари, студентка на џез одделот при Универзитет Гоце Делчев – Штип. Со својот ангажман, посветеност и талент, несомнено е име на кое и предвидуваме светла иднина и долга кариера на Македонската и Европската џез сцена. Во ова интервју разговараме со Сара Ташкоска.

Што публиката во Битола може да очекува на настапот?

С.Т.- Се надеваме дека ќе ни се видат и приметат работата и трудот и среќата и задоволството да настапиме во Битола на Jazz Factory Festival. Така да, публиката може да ги очекува тие нешта.

Од какво значење се ваквите фестивали,посебно за нашите музичари?

С.Т.- Овие фестивали се од суштинско значење за нашите музичари. Место каде што ќе се изразиш, ќе покажеш што си научил/а,ќе научиш и ќе слушнеш нешто ново, ќе раскажеш приказна и ќе разубавиш нечиј ден, ќе запознаеш истомисленици, но можеби и луѓе што не мислат како тебе,како нас. Не смее повеќе да се зборува на темава, треба да се дејствува, а се дејствува и тоа посебно ме радува и поздрав за хероите што ги остваруваат овие работи. Значи дека е возможно.

Што ќе изведете на концертот?

С.Т.- Како студенти на Музичката академија, ќе изведеме познати и не толку познати џез стандарди. All the things you are, Whisper not, On the sunny side of the street, се само дел од репертоарот кој го одбравме за настапот во Битола, се надеваме на убава дружба и убави моменти.

Влезниците може да се набават преку веб страната на Џез фактори фестивалот :

SARA TASHKOSKA QUARTET

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

 

 

 

Related Articles