Home » JFF24 Meet the artists: Сакис Пападимитриу од Грција

JFF24 Meet the artists: Сакис Пападимитриу од Грција

by culturalchat

7.по ред издание на Џез фактори фестивалот на публиката во Битола ќе и понуди повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство. Годинешното издание ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и низ повеќе кафе барови низ градот. Па така 6.април е резервиран за настапот на Сакис Пападимитриу од Грција.

Пијанистот, композитор и писател Пападимитриу е една од клучните фигури во авангардниот Грчки џез. Роден е во Кавала во 1940 година, а израснал во Солун. Неговите текстови се објавени во многу списанија (Jazz, Echos & HiFi, Jazz&Tzaz итн.), беше издавач на списанието Sin and Plin, долги години работи како радио продуцент, и компонира музика за театар и неми филмови.Како слушнавте за Џез Фактори фестивалот ?

С.П.- Слушнав за тоа преку мојот пријател и продуцент Јанис Куфаелас од Defkaz records, кој е добро запознаен и ја прати  европската сцена на џез фестивалите.

Дали сте биле претходно во нашата држава?

С.П.- Да. Настапував како дуо, пијано и глас, со сопругата Џорџија Силеу. Тоа беше концерт насловен „Отворени рути“ во Скопје, 3 декември 1998. Овој настап, плус уште два концерти со грчки групи, беше дел од проект на грчката Влада.

Што може да очекува битолската публика на концертот на триото?

С.П.- Станува збор за солистички концерт на пијано. Ќе се движам помеѓу композиции, музички идеи и импровизации, старогрчка „Химна на музата“ и Хераклитовите афоризми, како и грчки традиционални мелодии и музика за неми филмови, плус интересни изведби на пијано.

Што мислите зошто овие фестивали се важни за музичарите во светот?

С.П.- Тие се важни поради многу причини. Пред се фестивалите им нудат шанса на музичарите да ја претстават сопствена работа пред публиката желна за нови идеи. Исто така, вашиот фестивал е важен во географска смисла бидејќи го привлекува вниманието на Југоисточната европска сцена. Конечно, јасно е дека џезот е интернационална уметничка сила, отворена за секаков вид креативна употреба.

Влезниците може да се набават преку веб страната на Џез фактори фестивалот :

SAKIS PAPADIMITRIOU SOLO

Исто така и на билетарата на Битолскиот театар, но и нивната веб страна:

https://narodenteatarbitola.com/events/jff-2024-sakis-papadimitriou-solo-ossa-quartet/

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

Related Articles