Home » JFF24 Meet the artists: Гоце Мицанов трио Македонија

JFF24 Meet the artists: Гоце Мицанов трио Македонија

by culturalchat

Повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство ќе бидат дел од годинешното 7.по ред издание на Џез фактори фестивалот кој ќе се одржи на сцените во Народниот театар и Центарот за култура Битола, но и во неколку кафе барови. Па така на 5.април во Народниот театар Битола, концерт ќе одржи Гоце Мицанов триото. Истото покрај Мицанов го сочинуваат и Иван Бејков и Павел Ренџов.

Живата легенда на македонскиот џез Гоце Мицанов кој го паметиме по историските џез имровизации и маестралниот звук на тенор саксофонот во албумот „Као Какао“ на Леб и Сол, пред публиката во Битола ќе се претстави со дел од својот раскошен опус. Џез уметник кој во кариерата имал привилегија да ја дели сцената со големиот Реј Чарлс.Што публиката во Битола може да очекува на настапот?

Г.М.- Ние како трио ќе презентираме оригинална наша изведба. Мислам дека битен фактор е вкусот на публиката.

Од какво значење се ваквите фестивали посебно за нашите музичари?

Г.М.-Овие фестивали се од големо значење пред се за културата кај нас, особено во време кога владее кич музика, па и самите музчари не се занимаваат со уметност туку се грижат само за заработка со таа кич музика за жал.

Што ќе изведете на концертот?

Г.М.- Повеќето композиции кои ќе ги изведеме се мои авторски, една ќе свириме од мојот колега и директорот на фестивалот Сашо Поповски.

Влезниците може да се набават преку веб страната на Џез фактори фестивалот :

GOCE MICANOV TRIO

 

Исто така и на билетарата на Битолскиот театар, но и нивната веб страна:

https://narodenteatarbitola.com/events/jff-2024-goce-micanov-trio-unleashed-cooperation/

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амбасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

 

Related Articles