Home » JFF24 Meet the artists: 𝐎𝐒𝐒𝐀 𝐐𝐔𝐀𝐑𝐓𝐄𝐓 од Србија

JFF24 Meet the artists: 𝐎𝐒𝐒𝐀 𝐐𝐔𝐀𝐑𝐓𝐄𝐓 од Србија

by culturalchat

Годинешното 7.по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 03-ти до 06-ти Април. Последниот ден е резервиран за настапот на 𝐎𝐒𝐒𝐀 𝐐𝐔𝐀𝐑𝐓𝐄𝐓 од Србија (Александар Турукало, Сергеј Шаповалов, Ервин Малина, Иштван Чик). Квартетот изведува оригинална музика инспирирана од францускиот џипси џез, џез-рок и блуз, како и од џез стандардите – дела од Стефан Грапели, Џанго Рајнхард, Антонио Карлос Жобим и други. Инспирацијата за нивната музика доаѓа од џез-фолклорот на номадските цигани, музика која до ден-денес звучи свежо и наелектризирано и продолжува да одекнува кај младата и сериозна џез публика.

Во ова интервју разговараме со Александар Турукало.Како слушнавте за Џез Фактори фестивалот ?

А.Т.- За Џез Фактори фестивалот знаеме одамна. Овој фестивал веќе стекна репутација меѓу џез музичарите во Србија, а мислам и на целиот Балкан. Чест ни е што сме поканети да учествуваме на ваков фестивал.

Дали сте биле претходно во Македонија?

А.Т.- Во Македонија настапуваме за прв пат. Некако кружевме околу оваа прекрасна земја и еве конечно доаѓаме да и се претставиме на македонската публика и заедно да уживаме во убавината на џезот. Што мислите зошто овие фестивали се важни за музичарите во светот?

А.Т.- Фестивалите како што се Џез Фактори фестивалот се многу важни не само за музичарите, туку и за самиот џез како жанр. Џез музиката одамна ги напушти клубовите и стана вид на музика со висока уметничка вредност. Токму затоа фестивалите се важни бидејќи им овозможуваат на уметниците да ја претстават својата креативност на најдобар можен начин.

Влезниците може да се набават онлајн преку веб страната на Џез фактори фестивалот:

OSSA QUARTET

 

На билетарата на Народниот театар Битола, како и онлајн на страната на театарот:

https://narodenteatarbitola.com/events/jff-2024-sakis-papadimitriou-solo-ossa-quartet/

Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како и Францускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Полска, Амабасадата на Австрија и Генералниот Конзулат на Грција во Битола.

 

 

 

 

 

Related Articles