Песната “Јовано Јованке” беше изведена од страна на легендарните Deep Purple на концертот во Скопје, а во чест на македонската публика , со што предизвикаа овации кај многубројните посетители од различни генерации. Еден од најголемите рокенрол-состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin), одржаа концерт за паметење во арената Борис Трајковски.
Концертот во Скопје Deep Purple го отворија со хитот „Highway star”. Во последната деценија, групата објави четири студиски албуми, а во меѓувреме одржаа и турнеи низ сите континенти.
„Навистина е раритетна можноста во една сезона да можеме да ги видиме и ‘Deep Purple’ во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата на нивните фанови во Македонија“, истакнаа пред концертот организаторите Авалон Продукција.
Претходно, во 2016 година вокалот на групата, придружуван од Македонската филхармонија настапи во Скопје во ВИП арената на Спортскиот центар Борис Трајковски. Македонската и регионалната публика имаа можност во живо да гио слушне својот омилен бенд со нивните хитови што го одбележаа петдецениското постоење на оваа навистина и култна и легендарна група во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста. Фронтменот Јан Гилан ја поздрави публиката по што продолжи со песна од последниот албум Nothing at all, песна посветена на мајка му.
Легендарните Deep Purple не заборавија да му посветат песна и на починатиот клавијатурист Џон Лорд. Силната енергија препознатлива за групата беше присутна за време на двочасовната рок забава. Се редеа “Blind men” ” Space truckin’ “Smoke on the water”… а на бис се вратија со “Hush” по што се случи ерупција од возбуда.
Фотографии Стефан Рајхл.
Како звучеше „Јовано Јованке“ во изведба на Deep Purple слушнете од видеото кое го сними Агим Џело.