Home » Code 369 & Рубенс Муратовски за 8.март во КИЦ Битола

Code 369 & Рубенс Муратовски за 8.март во КИЦ Битола

by culturalchat

Има ли подобар начин да го прославите 8-ми Март од оној со музиката и поезијата испреплетени во еден миг? Оваа можност публиката во Битола ќе ја има на 8.март во КИЦ Офицерски дом, каде ќе се одржи музичко-поетски настан со хуманитарен карактер заедно со Code 369 и актерот Рубенс Муратовски. Овој настан е организиран од “Невроразлични” – Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители – Битола, во соработка со КИЦ Битола.

„Да им дадеме простор на различните да почувствуваат дека се слушнати, разбрани и заедно со сите други. Да прославиме! Во име на еднаквоста и мислата за подобро утре“, велат организаторите. Настанот е со почеток од 18:30.

 

Related Articles