Вториот ден на четвртиот маратон на комедијата во Охрид, односно на 22-ри јули, петок, продолжува со BEST OF STAND UP заедно со Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Зоран Донев.
Ова шоу е репрезент за Охридската стендап сцена. Во ова шоу имате шанса да гледате комичари со огромна километража и комичари кои храбро го даваат најдоброто од себеси и до крај се борат да почувствувате болка во стомачните.
На годинешниот маратон кој ќе трае со до 14-ти август, свое шоу на англиски јазик ќе има и Влад Илиќ кој доаѓа од Лондон, како и познатите актери Атанас Атанасовски, Тино Костадиноски и Бојан Кирковски од Скопје. Секако тука се и препознатливите шоуа Импровокација, Евтини Секс Приказни и Two mothers brothers – комеди кабаре на актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
Best od stand up ќе се изведе во Џез ин со почеток од 20 часот.