Home » 80 учесници од Битолското музичко училиште за Денот на пијаното

80 учесници од Битолското музичко училиште за Денот на пијаното

by culturalchat

Државното музичко училиште од Битола и оваа година организираше целодневна прослава по повод Денот на пијаното кој се прославува на 88 ден во годината, колку што има и дирки на клавијатурата. Училиштето има дадено голем придонес како за развојот на културата во градот, така и за издигнување на класичната музика на повисоко ниво. На 28 март се одржаа 5 концерти од кои 4 во текот на денот и еден Свечен завршен концерт во НУ Народен Театар Битола.Самиот број од 80 учесници кои го прославија овој ден го потврдуваат епитетот на училиштето “Музичка ризница на таленти”. Младите талентирани пијанисти и овојпат ја покажаа убавината на овој инструмент. Државното музичко училиште во Битола постои 77 години. Стотици врвни пијанисти поминале низ клупите на ова училиште. Од ова училиште потекнуваат бројни звучни имиња во светот на музиката.Денот на пијаното е изум на германскиот музичар и композитор Нилс Фрам, кој е познат по комбинирањето на класичното пијано со електронската музика, а го воспоставува 2015 година.

 

 

Related Articles