На 19.јули со почеток од 20 часот, Друштвото на ликовните уметници на Битола, ќе ја претстави Годишната изложба во КЦ.Магаза.
Друштвото на ликовни уметници на Битола (формирано пред 48 години) има значаен удел за развој и афирмација на ликовната уметност во Битола, град со богата културна и уметничка традиција. Друштвото во сите тие години организира групни и самостојни изложби, ликовни настани како и архивирање на ликовни материјали.
На годинешната изложба ќе бидат презентирани педесет и шест дела, слики, графики и скулптура од четириесет и еден автор од Битола, како и од други македонски градови. „Изложбата на тој начин доби свежина во својата стилска разновидност, што е карактеристично за делата изработени во 2021-2022 год. од автори што припаѓаат на помладите генерации, што е нормален процес на промена со текот на времето“, ни изјави Нела Петровска, Претседател на ДЛУБ.
Автори на изложбата: Душан Шешиќ. Димитар Димитров, Синиша Кашавелски, Матеј Богдановски, Васко Ѓоргиев, Владимир Младеноски, Маја Ковачевска, Дурмиш Ќазим, Ване Костуранов, Валентина Илијевска, Вангел Крстиновски, Стеван Цигаридов, Петар Кирановски, Игор Стаменковиќ, Стефан Анчевски, Тони Попов, Панде Петровски, Вано Кеков, Елена Ѓорѓиевска, Дејан Макаријоски, Андријана Мациев, Анастасија Петрова-Мушовска , Динко Ненов, Кирил Т. Константин, Илија Маџаров, Стефан Малбашиќ, Ленче Крстеска Јагоридовска, Сашо Блажески, Бојана Артиновска, Димитри Балојани, Слободан Рајчевски, Владимир Илиевски, Александар Поповски (Цанче), Роберт Михајловски, Оливера Лазаревска, Александар Поповски, Татјана Манева Гости на изложбата Решат Амети, Љупка Галазка Василев , Славица Милева, Лара Ташковска Ларсон.
И оваа година ќе биде доделена наградата за најдобро ликовно остварување ,, Борислав Траиковски”, познат сликар експресионист, клучно име на битолската ликовна група ВДИСТ од 1955 година. Оваа награда се доделува од 2007 година како признание за уметникот Борислав Траиковски, избран за прв претседател на ДЛУБ.
Изложбата се одржува со поддршка на Општина Битола и АД ЕСМ Подружница РЕК Битола и е во рамките на Бит фест.