Home » 50% попуст за сите дами за претставата „Кокошка“ во Битолскиот театар

50% попуст за сите дами за претставата „Кокошка“ во Битолскиот театар

by culturalchat

Комедијата што ја освои публиката, „Кокошка“, на 07.03. (сабота), со почеток од 20 часот, ќе биде изведена во Битолскиот театар и тоа со 50% попуст за сите дами на билетарата на НТБ. Во месецот на жената, Народен театар Битола ја носи комедијата за која се бара билет повеќе – претстава што од првата изведба предизвикува громогласна смеа и долги аплаузи. „Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и апсурди. Со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, оваа претстава ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. Комедијата на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе. Во истата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ, светло Игор Мицевски, тон Николче Терзиевски, инспициент Оливер Петровски. Ова е вечер за гласна смеа, добра енергија и театар што се памети. Ако сè уште не сте ја гледале – сега е вистинскиот момент. Билети по цена од само 100 денари, исклучиво на билетарата на Битолскиот театар.

А за сите присутни дами НТБ со мало изненадување, како знак на внимание и благодарност. И не само тоа, во месецот кога се слави и Светскиот ден на театарот, Битолскиот театар со повеќе изненадувања.

 

 

 

 

Related Articles