Home » 33 години бренд на Битола – „Кармен ексклузив“

33 години бренд на Битола – „Кармен ексклузив“

by culturalchat

Секој од нас кој се грижи за својот изглед, бара професионалци кои знаат да исполннуваат соништа и кои ќе направат се да сте задоволни од вашиот изглед. Фризерското студио „Кармен ексклузив“ е асоцијација на сето тоа, Ваше место, каде сите се чувствуваат како дома, а заминуваат среќни со она што го гледаат во огледалото. Креираат насмевки и негуваат убави луѓе, во една беспрекорна и пријатна атмосфера, момент кој прави да се почувствувате среќни од вашиот одраз во огледало. Денес „Кармен ексклузив“ одбележува 33 години постоење. Оваа приказна започна во далечната 1992 година со слоганот “За влакно пред другите” и стана не само желба, туку и вистина која трае над три децении. Во „Кармен Ексклузив“ секогаш ги следат најновите трендови, па така ја нудат можноста да го остварите посакуваниот изглед, а и повеќе од тоа. Со самото тоа креираат насмевки и сето тоа благодарение на талентот и позитивната енергија на тимот кој не се менува. 33 години не е мала бројка. „Кармен екслузив“ е надалеку познато студио, но и бренд препознатлив за Битола.„Денешниот ден е значаен за нас, одбележуваме 33 години како сме во првите редови на фризерски брендови во Македонија, а и пошироко. Неизмерно сме горди што тргнавме на ова извонредно патување, обликувајќи ги трендовите, инспирирајќи ја креативноста и давајќи им сила на безброј поединци да ја прифатат нивната страст за косата како предизвик, во еден вреден занает. Нашиот салон повеќе од три децении е светилиште каде нашата креативност и задоволството на клиентите се испреплетуваат беспрекорно. Со нашиот тим на вешти стилисти, направивме низ годините многу“, истакнува сопственикот на „Кармен ексклузив“, Димче Ивановски кој преку својата работа создаде и создава бројни пријателства и нема кој не го знае. Во изминатите 33 години тие се посветија преку Академијата во едуцирање на нови генерации на  талентирани професионалци на полето на оваа професија. Повеќе од три децении, се посветија на давање сеопфатно образование и обука, како и подготовка  на аспирантите стилисти со вештини, знаење и креативност потребни за да напредуваат во оваа динамична индустрија. Неизмерно се гордеат на тоа што се сведоци на успехот на дипломците додека тргнуваат на својот професионален пат, оставајќи неизбришлив белег во светот на фризерството.„ За разлика од порано кога беше потешко да се успее без социјални мрежи, па рекламата одеше и се пренесуваше од човек на човек, денес е многу полесно. Се е преку социјалните мрежи. На почетоците немаше ни преси за коса, работевме со хауби и четки за исправување на косата. Бидејќи не можевме да ги следиме новитетите во нашата професија преку интернет, посетуваме безброј семинари и работилици.  Во овие 33 години сме растеле, заедно со клиентите: од претседателки, пејачки, министерки, министери, луѓе од сите професии, не само од Битола и Македонија туку и од другите држави кои доаѓаат кај нас. Поминале една плејада на фризери кои сега се успешни и се учеле кај нас, тоа нас не прави посебно горди, посебно е чуството кига можете вашето знаење да го пренесете на помладите генерации, се гордеам со сите нив. Сме допринеле за креирање на имиџот на голем број на луѓе. Учествуваме на многу ревии, семинари, натпревари, како локални така и национални“, додава Ивановски.Низ годините, ги прифаќаа промените, тие се пулсот на новите трендови, но остануваат верни на нивните основни вредности за исклучителен квалитет, персонализирана услуга и топла, пријатна атмосфера. За крај Ивановски изјавува:

„Додека славиме, ја изразуваме нашата искрена благодарност до нашите лојални клиенти, нашиот талентиран тим стилисти и едукатори и заедницата што нè поддржуваше низ годините. Без вашата доверба, охрабрување и непоколеблива поддршка, ова патување немаше да биде возможно. Сакам да се заблагодарам на сите кои во овие 33 години биле и се дел од нашето семејство и дојдовме до овој денешен ден да славиме 33 години од Кармен“.

Среќен роденден Кармен ексклузив

 

 

 

 

 

 

Related Articles