Битола е град со големо културно – историско наследство. Градби кои говорат за значајни периоди, но и личности кои со својата посветеност, интелект и континуиран ангажман, создаваат трајна вредност, значајна за повеќе аспекти од напредокот на градот.
Токму една таква изложба, насловена „Пркос кон заборавот“, изминатиот викенд беше дел од Програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Низ 32 фотографии, авторката Ивона Кочов, создаде еден прекрасен настан, исполнет со силни емоции. Настанот истовремено претставува олицетворение на интелектуалниот, уметничкиот и занаетчискиот потенцијал кој го поседува Битола, што само по себе е доволна причина за привлекување на голем број туристи и посетители, кои би можеле да ги погледнат делата зачувани низ делувањето на овие наши сограѓани, кои не смеат да бидат заборавени.„Замислата ја носев повеќе од година и пол, а сега конечно оживеа пред очите на сите вас. Благодарна сум на сите кои ми помогнаа, ме бодреа и веруваа во мене. Без вас ова немаше да биде возможно“, истакна Ивона на отворањето и додаде: „Вечерва не сум тука само како фотограф, туку како раскажувач на приказни. Приказни за луѓе кои со своите раце и срца го изградиле својот живот и животот на сите околу нив. На фотографиите ќе видите луѓе кои и во своето позно доба останале посветени на трудот, сè уште не ја напуштиле својата работна маса, своето поле, својата мисија“.
‘Пркос кон заборавот’ е нејзин начин да им каже дека ги гледа, дека ги цени и дека нивните приказни не треба да избледат.
„Секој портрет што ќе го видите носи дел од нивната младост, нивните битки, нивните победи и нивната љубов кон животот. Од срце им благодарам на сите што ми ја отворија вратата и душата за да ја создадам оваа изложба. А на вас ви благодарам што вечерва сте дел од ова патување со мене. И да не заборавиме – додека се сеќаваме на луѓето, тие живеат! Се поклонувам пред сите вас со БЛАГОДАРНОСТ!“.Фотографираните личности ги има од сите националности, што зборува за мултикултурна Битола, но и од различни области, од занаетчии, историчари, лекари и многу други, кои своевремено со својот труд оставиле силен печат во Битола, а некои од нив сеуште и пркосат на возраста и посветено работат. Ивона Кочов, со оваа изложба на едно место собра голем број значајни личности за Битола, овозможувајќи им и нив да се сретнат после многу години, да разменат идеи, мисли, искуства, желби.
Сумирајќи ги впечатоците и сугестиите од присутните, Кочов нагласува дека истражувањето покажа дека мора да има и втор дел од оваа изложба, затоа што тоа е и желба на битолчани:
Со „Пркос кон заборавот“, ја објавуваме листата на сите личности кои се дел од изложбата на Ивона Кочов:
1. Љубомир Трифуновски, 1938, диригент
2. Александар Стерјовски, 1933, универзитетски професор по литература, хроничар на Битола
3. Душанка Петличкова, 1937, професор по биологија со завршен природно математички факултет, група биологија
4. Лена Јовановиќ, 1945 примариус д-р, инфектолог, Светлана Гочева, 1953, дипломиран прехрамбен технолог; Лилјана Кепеска, 1948, археолог – кустос;
5. Бафтијар Шерифи, 1940, мајстор – ѕидар
6. Слободан Павловски, 1946 – 2025, киноапаратер во градски кина Битола
7. Неџат Јусуфовски, 1961, оџачар
8. Илми Мефаилов, 1950, дрвосечач и музичар
9. Димитрија Велески, 1950, музучар и изработувач на кавали
10. Петар Ѓорѓи Глигоров, 1947, учител по физичко и здравствено воспитание и педагошка академија, група историја и географија
11. Гордана Најдовска, 1960, наставник по македонски јазик
12. Христо Бојаџиев, 1948, музички илустратор, дизајнер и уметнички фотограф
13. Владимир Атанасов, 1947, судија на врховен суд
14. Малик Реџеп, 1947, одделенски наставник
15. Омер Сулејман, 1949, психијатар – детски младински психијатар
16. Олимпија Јовановски, 1949, примариус д-р, офталмолог
17. Васко Ташковски, 1937, академски сликар
18. Зухди Малик, 1938, бербер
19. Јани Цветковски, 1938, чевлар
20. Кире Марков, 1951, тренер за пливање и скијање
21. Жан Христовски, 1951, машински инжинер – проектант за термотехнички инсталации
22. Вера Вељановска, 1955, атлетичарка
23. Никола Татарчев, 1937, лекар, општа пракса; Олга Татарчева, 1938, наставник по француски јазик
24. Јоце Смилевски, 1958,планинар, алпинист
25. Мендо Долевски, 1944, пожарникар
26. Аница Хентова Наневска, 1942, архитект конструктор
27. Димитрије Гиновски, 1952, фотограф
28. Рашко Т. Наковски, 1950, уролог
29. Антонијо Димитровски, 1949, судија и адвокат
30. Ѓорѓи Тромбев, 1950, професор д-р, област термотехника; Добрила Тромбева, 1950, професор по физика
31. Анастасија Петровска, 1943, педијатар
32. Ѓорѓи Кироваков, 1944, професор по македонски јазик.