Друштвото за македонско – полско пријателство и соработка „Висла” – Огранок во Битола во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје и Државно музичко училиште – Битола, ја организира 31.по ред Шопенова вечер во Битола. Концертот на кој ќе настапат ученици на Битолското музичко училиште ќе се одржи на 07.11.во Офицерскиот дом со почеток од 19 часот.