Home » 30-та последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ со стоечки овации од публиката

30-та последна изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ со стоечки овации од публиката

by culturalchat

30 изведби, 5 години, една приказна што не заврши – туку продолжува.
На сцената во Битолскиот театар се одигра последната, 30-та изведба на „Ноќта кога ја убив месечината“ – претстава која цели пет години живееше на сцената на НУ Народен театар Битола. Својата прва премиера ја имаше во најпредизвикувачкото време – за време на ковид-пандемијата. Во период кога салите беа тивки, а аплаузот редок, „Без паника“ храбро зачекори на сцената и остана со публиката до денес.

Претставата отвори суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд. 26-та изведба оваа претстава ја доживеа на полна месечина на Големо Езеро (2218мнв), Пелистер. Режијата е на Марјан Ѓоргиевски – а дента додека се спушташе завесата за оваа претстава, актерите од театарот ја одржаа првата проба за нов проект, повторно под негова режија.
Интересно е што токму на овој датум, 04.03.2019 година, се одигра последната 100та изведба на претставата „Без паника“, каде што на сцената заедно како и сега ,настапуваа истите актери: Марјан Георгиевски и Александар Копања. Коинциденција? Можеби.
Но, во театарот, ваквите датуми не се случајни – тие се патоказ. Знак дека секој крај е само почеток на нова сцена, нов текст, нова магија. Аплауз за изминатите 5 години. И со возбуда – кон новите остварувања што доаѓаат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Related Articles