Home » 30.јубилејно издание на Шопеновата вечер во Битола

30.јубилејно издание на Шопеновата вечер во Битола

by culturalchat

Годинешниот Шопенов концерт доживеа 30 години. Три децении континуирано се одржува настанот “Шопенова вечер” во организација на Друштвото за македонско-полска соработа, „Висла“, огранок во Битола, a со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Македонија, во соработка со Државно музичко училиште и ги воздига името и делата на романтичарот Фредерик Шопен, а истовремено им дава можност на младите музичари да го покажат својот талент.

Годинешното издание се одржа во Офицерскиот дом и на истиот присуствуваше и Полскиот амбасадор во Македонија Кшиштоф Гжелчик, кој после концертот на сите учесници им подари пригодни подароци, а присутен беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

На настанот на кој прозвучија најубавите композиции од Фредерик Шопен се претставија младите музички таленти од нашиот град и тоа: Марко Буџаковски, Јана Попрцова Трајковска, Алексеј Белевски, Јане Петровски, Теона Буџаковска, Деспина Куновски, Јана Стојковска, Лина Димовска, Јана Блажевска, Мила Петровска, Софија Михајловска, Кристијана Илиевска, Анастасија Петреска, Давид Стојчевски, Аница Нелоска, Андреа Николовска, Арсениј Ангелески и Димитриј Стојчевски.

Учениците се во класите на професорките: Јана Четелева Белевска, Маја Божиновска, Марија Шамоска Буџаковски, Вера Поповска,Билјана Димовска, Маја Митровска, Весна Милевска, Татјана Божиновска, Верица Дивитарова.

Поезија на полски и македонски јазик, избрани стихови од Вислава Шимборска, читаа Вероника и Јована  Спасевски.

 

Related Articles