На 13.05, НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола во соработка со студиото „Адамс АРТ“ предводено од Анкица Стевановска ја реализираше третата работилница од проектот „Биди свој! Креативни работилници за сите возрасти“. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Истиот има има за цел да си насочи луѓето кон исполнување на слободното време со активности во кои ќе ги развијат нивните мисловни способности и идеи. Третата работилница беше насочена кон сликањето со различни техники, а темата за цртежите беше книгата.
Учесниците на работилницата имаа можност да фантазираат, да другаруваат и да бидат креативни во она што ги прави среќни, а тоа е сликањето.
Цртежите од работилницата ќе бидат изложени во холот на Библиотеката на 16.05.2023 (вторник) во 18 часот.
Координатори на проектот беа Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски.