„Историја во создавање’’ е мислата со која е поврзано ова 12-то издание на изложбата СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА која ќе го доживее своето свечено отворање на 22.08.2024 – четврток во 19:30 часот во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола. Оваа година изложбата се состои 26 фотографии од 19 автори ,а темата на конкурсот беше „МОДЕРНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ СИМБОЛИ НА БИТОЛА “ – Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950 година. Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент од пристигнатите 90-тина фотографии од 23 учесници на конкурсот селектираа 23 фотографии кои ќе бидат дел од овогодинешното издание на изложбата и ги селектираа најдобрите 3 фотографии кои ќе ги добијата паричните награди и 2 фотографии кои ќе добијат пофалница. Традиционално дел од изложбата се и 3 фотографии со кои се претставува стручното жири. Сите фотографии кои пристигнаа на конкурсот, а не беа селектирани како дел од изложбата ќе бидат дел од електронската изложба која ќе биде прикажана на денот на отворањето 22.08.2024 – четврток од 19:30 часот.Реализацијата на ова 12-то издание на изложбата е финансиски поддржано од Сава пензиското друштво а.д. Скопје кои ја продолжувaат традицијата на поддршка на проекти кои се насочени кон вклучување на граѓаните и поддршка на урбаната култура веќе 5-та година по ред. Како своевидна ризница и дигитална фотографска библиотека на Битола – проектот СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА оваа година е дел од Битолското културно лето Бит-Фест 2024 и е поддржана од Општина Битола.„Ве покануваме да ја посетите оваа исклучителна изложба и да ја погледнете Битола од еден интересна перспектива со сите објекти кои се симбол на модерното лице на нашиот град“, велат организаторите. Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ја погледнат изложбата од 22.08.2024 до 05.09.2024 во периодот на работно време на НУ Центар за култура Битола.
26 фотографии од 19 автори на годинешната изложба „Со љубов од Битола“
previous post