Home » 21.март-Светски ден на поезијата

21.март-Светски ден на поезијата

by culturalchat

Секоја година, 21-ви Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта, се одбележува денот на екологијата, но и Светскиот ден на поезијата. Светскиот ден на поезијата  бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици. Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.Вообичаено се славел во октомври, но во вториот дел на 20 век светската заедница го славела на 15-ти, роденденот на Виргилиј, римскиот епски поет и поет лауреат за време на Август. Традицијата денот на поезијата да се одржува во октомври за прославa на националниот или меѓународниот ден на поезијата сè уште се одржува во многу земји.  Обединетото Кралство генерално го користи првиот четврток во октомври. Светскиот ден на поезијата за 2021 година во седиштето на УНЕСКО во Париз бил посветен на прославата на 100-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, писател, литературен преведувач и јазичен научник Блаже Конески.  Во исто време било објавено дека британската поетеса Керол Ен Дафи е добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вешери на поезијата истата година.Струшките вечери на поезијата со повеќе настани ќе го одбележат 21 март- Светскиот ден на поезијата. Главниот настан e свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје, по што следуваше традиционалното поетско читање по повод 21 март- Светскиот ден на поезијата со истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети.

Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек.

 

Related Articles