Home » 20 години Меѓународна ликовна колонија Де Ниро

20 години Меѓународна ликовна колонија Де Ниро

by culturalchat

Со доделување на благодарници се одржа и последната вечер од 20.јубилејно издание на ликовна колонија „Де Ниро“ – Битола. Имено истата започна на 20. Јуни, во село Цапари, во рамките на меѓународниот центар за современа уметност. Оваа ликовна колонија во своето дводецениско постоење не само што се здоби со една од најзначајните ликовни позиции во Македонија туку доби солиден, авторитетен и познат углед на меѓународен план. Присуството на истакнатите ликовни автори од сите континенти ја праваат оваа ликовна колонија едно од поважните творечки движења меѓу меѓународната ликовна јавност.Ликовната колонија веќе неколку години се случува во живописното село Цапари во подножјето на Пелистер. Сопствениците, идејните творци и организаторите на ова исклучително креативно и меѓународно сликарско случување: Силвана и Драги Филевски, успееја не само да ја изградат во своевидна интернационална институционалност според сите стандарди и норми кои  се високо рангирани, туку и да создадат галерија и збирка со огромен ликовен фонд: слики, цртежи, графики, мозаици, мурали, збирка која е меѓу најзначајните, не само по бројот на делата, туку и по застапеноста на бројни истакнати автори од целиот свет.Ова јубилејно издание имаше „изменет“ концепт кој што всушност е еден вид своевидна суштинска рекапитулација на значајнните движења во  современиот  македонскиот ликовен простор. Јубилејот на ликовната колонија се совпаѓа со јубилејот на историската и антологиска група „Зеро“ формирана пред 40 години. Членови на „Колектив Зеро“ се Ацо Станкоски, Беди Ибрахим, Синиша Цветковски, Перица Георгиев, Зоран Јаневски, Роберт Михајловски, Миодраг Десовски, Горанчо Ѓоргиевски, Стефан Шашков, Сашо Јовчевски, Лина Дамјан, Виктор Јаневски и Златко Трајковски (1960-2017).Нивното заедничко дејствување во рамките на ликовната колонија Де Ниро, овааа година е своевиден историски ексклузивитет, затоа што неконвенционалноста, бунтот, потрагата по суштинскиот творечки израз кој што беше суштествен за оваа  група, сега е синтетизирана во еден голем заеднички мурал кој го работаат членовите на групата во просторот на конференциската сала. Нивната заедничка коавторска тестаментална порака се вбројува со онаа на ликовната колонија Де Ниро во контекстот на најзначајните ликовни пораки во историјата на македонската ликовна уметност. Покрај ова, членовите на групата индивидуално создадоа по две платна, со што го заокружија нивниот ликовен исказ во рамките на овие два значајни јубилеи.Со ова меѓународната суштина на колонијата оваа година беше во специфична насока –досегашното меѓународно присуство на авторите беше националното присуство и нивното дејствување во меѓународно милје. Така ова премостување создава своевидна ликовна генеза која допрва ќе го добие своето ликовно вреднување. Покрај големиот мурал кој е во самиот објект, ликовната колонија располага со уште еден автентичен ликовен мурал и еден голем мозаик на повеќе од 60 квадратни метри, дело на Миодраг Масин. До крајот на годината ќе следат уште активности на меѓународниот ликовен центар кои ќе бидат од особена важност за македонската и меѓународната ликовна јавност.

 

 

 

 

 

Related Articles