На сцената на НУ. Народен Театар Битола, на 15 ти и 16 ти јуни, премиерно ќе биде изведена претставата „Стјуардеси“ на Солза и смеа. Истата е во режија на Александар Димитровски.
„Идејата за овај текст да го поставиме на сцена, датира од пред 10 години, кога за прв пат се сретнав со истиот. При првото читање знаев дека еден ден овој водвиљ мораме да го работиме, но го чекавме вистинскиот момент, а тој момент дојде сам од себе во 2022“, ни изјави режисерот Димитровски.
Пиесата-класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив Боинг-Боинг во 1991 влезе во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција.
„После две години можам да кажам дека ми е мило што работиме во нормални услови, со 100 проценти исполнетост на салите. Тој период ни беше доста чуден и можам да кажам тежок, работевме во различни услови кои секој ден се менуваа“, истакна Саше за работата во услови на пандемија и за крај додаде: „ Ја повикувам битолската публика да дојде на нашата претстава и да се изнасмее до солзи, како што е и нашето мото“.
Влезници может да се набават два часа пред почетокот на претставите на билетарата на Народниот Театар Битола.
Претставата ќе се одигра со почеток од 20 часот во НУ Народен Театар Битола.