Home » Концертот „Песни од срцата“ наскоро во Битола

Концертот „Песни од срцата“ наскоро во Битола

by culturalchat
Завршниот настан со кој Културно информативниот центар Битола, ќе ја круниса летната културна сезона е концертот „ПЕСНИ ОД СРЦАТА“, со врвните македонски оперски уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Истиот ќе се одржи во среда, на 17. Септември со почеток во 20.00 ч. на големото плато пред Офицерски дом – КИЦ Битола. Публиката ќе има единствена можност да ги проследи традиционалните македонски песни како; „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка“, Пингова, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушко“ и многу други во изведба на дуото Дурловски.
Влезот е слободен.

Related Articles