Home » 125 изложени дела на Панде Петровски во Центарот за култура во Битола

125 изложени дела на Панде Петровски во Центарот за култура во Битола

by culturalchat

Во Фоајето на НУ. Центар за култура – Битола, свечено беше отворена Ретроспективната изложба на Панде Петровски Анкин „65 години творештво“ (1959 – 2024).Тој е роден во с. Брусник (1939), и започнува да црта од најрана возраст. Неговите цртежи со молив од стара архитектура, зачувани од 1956 година, се сведочење за неговата доследност како ликовен хронирач. Панде е припадник на повоената генерација на ликовни уметници кој со своето разновидно и солидно, творечки артикулирано творештво остава индувидуален придонес во развојот на одделни правци на современата македонска уметност. Неговото активно творечко присуство значително придонесува во создавањето на претставата на македонската уметност.Во фоајето на Центарот за култура се изложени 125 уметнички дела.

„Со овие дела започна одбележувањето на 65 години творештво на уметникот Панде Петровски. За Панде велат дека е тих, а јас ќе кажам затоа уметноста му е гласна, моќна и впечатлива. Уште многу изложби му посакувам на овој неуморен уметник, чии години и сила се инспирација“, рече директорката на Центарот, Маја Андоновска Илијевски.Друштвото на ликовните уметници на оваа вечер, му доделија и награда за животно дело.

Фотографии Диоген Хаџи Коста Милевски.

 

 

Related Articles