Home » 12 уметници дел од изложбата „Словенечки уметници – антологиски избор на графика“

12 уметници дел од изложбата „Словенечки уметници – антологиски избор на графика“

by culturalchat

Изложбата „Словенечки уметници – антологиски избор на графика“ беше  отворена во КИЦ Битола. На истата беа изложени дела на еминентни словенечки графичари, автори од сите генерации кои со својата работа, стил и автентичен израз дале неповторлив придонес кон развојот на светската графичка уметност, за што  им беше доделена посебна Плакета за придонес.

Овој настан се оддржува по повод 31 година од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Словенија и е во заедничка организација на ЈОУ КИЦ Битола и Амбасадата на Р.Словенија во Скопје.

Куратор на изложбата беше Владо Ѓорески иницијатор на оваа ликовна изложба, кој со поставување на графичките дела на истакнати словенечки графичари го акцентираше нивниот придонес кон светската графичка уметност за што беа доделени и плакети.

На настанот присуствуваше градоначаликот на Битола, Тони Коњановски. Следуваше врачување на плакета на градот Битола на в.д. амбасадорката на Словенија, Татјана Ковачич која срдечно им се заблагодари на домаќините. На изложбата говореше и директорката на КИЦ Лили Бошевска, како и авторите на графиките преку видео. 12 словенечки ликовни уметници ги претставија своите  најнови графички дела.

Имено познатите словенечки автори се едни од најприсутните автори на Меѓународното графичко треиенале во Битола кое во изминатите речиси три децении беше раководено од кустосот Владо Ѓорески.На крај беа доделени награди, признанија и сертификати на авторите.

 

Related Articles