Home » 1000 години Сведок на Светлината со 3 номинации на Byzantfest

1000 години Сведок на Светлината со 3 номинации на Byzantfest

by culturalchat

Во рамките на православниот фестивал за филмска уметност Byzanfest, јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години Сведок на светлината“ беше номиниран во три категории: најдобар документарен филм, најдобар кинематографер и најдобар режисер.

„За првпат во македонската кинематографија независен филмски проект бележи ваков меѓународен успех. Интересно е и тоа што режисерот на овој документарен филм, Илија Ико Каров, е номиниран во една од главните номинации „најдобар режисер“, заедно со режисерите од програмата на играните филмови“, стои во објавата на Бигорски.

Инаку, според програмата на Byzanfest 2022, кој ќе трае од 27 октомври до 06 ноември во Мелбурн, Австралија, проекцијата на филмот „1000 години Сведок на Светлината“ е предвидена за 4 ноември.

 

Related Articles