Изминатите два дена во Офицерскиот дом се одржа 10 јубилејно издание на музичкиот фестивал „Хармониките“ 2025. На фестивалот учествуваа: Зисо Пуровски, Професор во средно музичко училиште во Битола, Дарко Илиевски, Уметнички раководител на „Танец“, Кирил Стојчевски, Уметнички директор на „Хармониките“ и професор во ДМУ во Битола, Сашко Велков, двократен шампион во Сокобања и Давид Велков, Шампион во Аранѓеловац, Србија, Димитар Митровски, Студент на ФМУ во Скопје и Јове Кекеновски Професор д-р, трикратен шампион во Сокобања.
Присутните за време на двете фестивалски вечери имаа исклучителна можност да уживаат во одличен амбиент со реномирани хармоникаши.
Организаторите, поделија и благодарници на лица и компании кои со својата помош и настапи помогнале фестивалот да истрае 10 години и од година во година да се поуспешен.