Македонската песна „Јовано, Јованке“ беше дел од работилница по македонска музика на конзерваториумот во Тур, Франција.
„Си поминавме прекрасно. Немаше партитури, сите мелодии ги научивме на лице место на уво, следејќи ја Македонската традиција на учење песни“, ни изјави Анета Георге-Качуркова, текстописец, композитор џез и соул музичар. Работилницата беше организирана од Гаел Лекок, (Французинка која зборува течно Македонски јазик и свири кавал, вистински вљубеник во Македонскиот јазик и култура) на Конзерваториумот во Тур, Франција. На работилницата која траела еден ден беа обработени две песни: “Јовано Јованке” и “Заиграле мамо девојчиња”.
На истата учествувале ученици од 8 до 18 години од сите нивоа и многу различни инструменти: виолинисти, саксофонисти, пијанисти, перкусионисти и клавичембало.
„Процесот на учење беше на уво, на традиционален начин. Аранжманите ги направив на лице место, адаптирајќи се на брзината на учење на сите ученици. На самиот крај на работилницата ги отсвиревме двете песни за родителите“, додава Анета.
Оваа работилница е доказ дека македонската традиционална музика е бескраен извор на инспирација и креација и може да се адаптира на било кој оркестар и возраст. Настанот беше организиран во партнерство со Отсекот за Музикологија на Универзитетот во Тур, во кој предходниот ден беше организиарана конференција посветена на Македонската традиционална музика. На истата презентации имаа проф. Фроса Пејоска-Бушеро и дуо Извор: Гаел Лекок и Анета Георге-Качуркова.
Изведбата може да ја чуете на следниот линк: