Home » ЈАПОНСКИОТ ОПЕРСКИ ПРВЕНЕЦ КАЗУХИРО КОТЕЦУ ДОБИ БИТОЛСКА НАРОДНА НОСИЈА

ЈАПОНСКИОТ ОПЕРСКИ ПРВЕНЕЦ КАЗУХИРО КОТЕЦУ ДОБИ БИТОЛСКА НАРОДНА НОСИЈА

by culturalchat

Сеуште не стивнуваат реакциите и убавите гестови и коментари по концертот на јапонскиот оперски првенец Казухиро Котецу, кој во рамките на Интерфест, ги изведе најпознатите македонски народни песни. Да се потсетиме Котецу не е за прв пат во Битола, имено тој настапи во нашиот град во 2013 година.

Во тоа време директор на Центарот за култура беше Борче Димитровски, кој е сега е секретар во општина Битола. За гостувањето на Котецу во нашиот град тој истакна:

„ Пред една деценија, популарните оперски арии, но и ритмите на Македонија одекнаа со глас кој наскоро ќе стане синоним за неверојатен восхит кон нашата култура. Казухиро Котецу, оперски пејач од операта во Токио, за првпат зачекори на тлото на Македонија, а она што следеше во оваа измината декада, беше неговата географски далечна љубов кон нашата музика, култура и нашите вина, нешто што малкумина го покажале со толкава искреност. Неговата почит кон Македонија одекнуваше повремено, со неговите објави на Твитер(Х) кои го направија особено популарен кај македонската твитер заедница. Живо се сеќавам на тоа време, и на твој негов концерт од пред 10 години во Битола, бидејќи бев директор на Центарот за култура кога Г-дин Котецу првпат застана на нашата сцена. Со текот на годините, неговата посветеност не беше ништо помалку од инспиративна, приближувајќи ја Македонија до срцата на многумина во далечните земји. Кога ИНТЕРФЕСТ објави дека ќе му посакаат добредојде на годинешното издание, бев навистина среќен“.

Димитровски и со еден прекрасен гест кон вљубеникот во македонската песна.

„Неколку денови пред неговото доаѓање во Битола, тој објави на Твитер дека бара информација каде може да купи македонска носија за себеси. Заради мојата поврзаност со КУД Илинден решив да разговарам со личностите кои сега го водат ова фолклорно друштво и едногласно решивме да му подариме традиционална битолска носија која доаѓа од Битолското Поле. По вчерашниот концерт на Г-дин Котецу кој беше концерт кој долго ќе се памети, денес му приредивме убаво изненадување. Подаривме носија кој тој посака веднаш да ја испроба и да го прошетаме заедно Широк Сокак. Дружењето со него и подарокот кој многу му значеше е момент на неизмерна радост за мене и за КУД Илинден“.

КУД Илинден, фолклорно друштво меѓународно познато по зачувување на македонските традиции,со ова приреди еден срдечен гест подарувјќи му оригинална носија. Подарокот му беше врачен на г-дин Котецу на непосредна средба во Битола, на која тој изјави „Ова не е само костим. Ова е подарок од срце, кој вечно ќе го паметам. Оваа носија ќе ме потсетува што значи симбол на благодарност„

На крај му се заблагодари на Котецу.

„Ви благодариме што сте амбасадор на нашата култура, што ја негувате како своја и што ја споделивте со светот. Нека оваа носија од Битолското Поче, послужи како симбол на нашата благодарност и длабоката врска што ја негувавте со Македонија“.

Фотографии: Приватна архива на Б.Димитровски и КУД Илинден.

Related Articles