Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и СВР Битола, во соработка со Општина Битола, го објавуваат конкурсот за учество во меѓуучилишниот танцов предизвик „Танц против насилство“ – иницијатива која преку уметност, движење и младински активизам ја подигнува свеста за спречување врсничко и дигитално насилство.
Ова е повик за пријавување, а сите училишта ќе бидат дополнително известени за датумот, местото и финалниот распоред на настанот.
Настанот ќе се одржи во текот на месец декември 2025 година.
1. Право на учество
• Ученици од 7, 8 и 9 одделение
• Од сите основни училишта во Општина Битола
• Едно училиште може да пријави една танцова група (6–8 ученици)
2. Цел на иницијативата
Да се поттикне култура на ненасилна комуникација, почит и солидарност
• Да се даде простор на младите да се изразат преку танц и креативност
• Да се испрати силна, видлива порака против насилството
• Да се зајакне соработката меѓу училиштата и локалните институции
3. Што се очекува од училиштата?
По пријавувањето, секое училиште да подготви:
• Танцова точка од максимум 5 минути
• Кореографија во стил по избор (современ, хип-хоп, модерн, традиционален…)
• Порака поврзана со темата „Стоп за насилството“.
Финалната структура (избор на 3 најдобри групи и изведба на втора точка) ќе биде реализирана на самиот настан, за кој училиштата ќе бидат дополнително известени со сите детали. Секое училиште треба да биде подготвено со уште една танцова точка (втора кореографија) која ќе се изведе доколку групата влезе во финалето.Финалето ќе се одржи истиот ден, веднаш по првиот круг на настапите
4. Процес на пријавување
За учество, училиштата треба да ја испратат пријавата на:
📧sumnalb@yahoo.com
до датум: 24.11.2025 година.
Пријавата треба да содржи:
• Име на училиштето
• Име на наставник/ментор
• Контакт телефон и маил
• Број на ученици во групата
• Краток опис на танцовата точка
5. Оценување и награди
Жирито ќе оценува: креативност, тимска работа, сценски настап, јасна и силна порака против насилството, техничка изведба.
Ќе бидат доделени: Гран-при, Најкреативна кореографија, Најсилна порака против насилството, Благодарници за сите училишта и учесници.
6. Дополнителни информации
Сите пријавени училишта ќе бидат навремено информирани за:
• датумот на настанот,
• локацијата,
• распоредот на настапите,
• техничките услови.
7. Контакт
За прашања и поддршка:
📧 sumnalb@yahoo.com
📞 Фатма Бајрам Аземовска, 070699743

