Членовите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, ја посетија театарската претстава „Малиџано“ од битолскиот театар и уживаа во актерската изведба на актерите вклучени во претставата.
„Оваа година е година на културата и уметноста. Сите заедно уживавме во прекрасната театарска претстава. Им благодариме на Билјана Крајчевска и директорот на НУ. Народен театар, Битола, Иван Јерчиќ, за дадената можност да уживаме во прекрасната претстава. Толку многу моќни пораки допреа до сите нас, што пуштивме и солзи. Повеќето од возрасните корисници за прв пат влегоа во театар и прв пат гледаа претстава. Да, таа вечер направивме промени“, ни изјавија од Сумнал.
Активноста ја спроведоа преку нивниот солидарен проект „Заедно посилни“, а корисниците имаа голема корист од дружењето и размената на позитивна енергија.
Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската унија.