Ромскиот здравствен образовен центар од Битола организираше посета на Баба планина.
„Благодарение на здружението „ДОЈДИ ВИДИ УЖИВАЈ“ во рамките на проектот “Да го запознаеме Националниот парк Пелистер“ со туристичкиот водич Горан Пинза, имавме можност да уживаме во прекрасните глетки кои го одземаат здивот“, ни изјавија од центарот.
Постојат две легенди прврзани со името Пелистер. Едната кажува дека името потекнува од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина наликува на гулаб. Други веруваат дека е тоа е од петтоигличниот бор – петлистер, па од таму – Пелистер.
Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк. Најзаслужен за добивањето на статусот Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планини на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години.
„ Нашите корисници преку пешачење беа активни и уживаа во природните убавини.
Постигавме една од нашите цели на проектот, а тоа е дека им покажавме на нашите корисници дека чистиот воздух, мирното опкружување и побавното темпо на живот можат да помогнат да се намали стресот и да се поттикне релаксација“, додаваат од Ромскиот здравствен образовен центар.
Активноста е поврзана со специфичните цели 1.1 и 1.2 од Здравствениот локален акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола.