Натпреварувачката програма на годинешното издание на Фестивалот на монодрама во Битола ја отвори претставата на Народен Театар Подгорица, Црна Гора, „Храна за душа“.
Оваа монодрама е независен проект адаптиран, режиран и изведен од страна на Црногорскиот актер Славко Калезиќ, која се базира на истоимениот роман на Жана Полиаков.Тоа е театарски перформанс кој на наубав можен начин го прикажува “сензационалниот вовед во среќен живот”- како што авторката и самата напиша.
Адаптацијата, драматизацијата и режијата се комплетно во рамнотежа со моменталната ситуација. Таа е материјал кој е совршен за надминување на тешкотиите кои пандемијата ни ги наметна. “Душевна храна” е подарок за жените кои немаат храброст да одолеат на плитките оптествени рамки; се залага за ослобододување на жените од насилство, сексизам, и традиционални женски улоги (домаќинка, сопруга, мајка, сексуален предмет) и прифаќање на жените како комплетни индивидуи.
На претставата присуствуваше и почесниот конзул на Црна Гора во Битола, Мики Андријашевиќ.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски