Home » Цвеќе за секоја дама на изведбата на „Кокошка“ за 8.март во Битолскиот театар

Цвеќе за секоја дама на изведбата на „Кокошка“ за 8.март во Битолскиот театар

by culturalchat

Комедијата што ја освои публиката, „Кокошка“, беше изведена во Битолскиот театар во пресрет на Денот на жената, а секоја дама од публиката доби цвеќе кои актерите им ги подарија за време на изведбата. Овој гест на раководството на НТБ е како благодарност кон публиката за поддршката и големата посетеност на претставите. Комедијата за која се бара билет повеќе, уште од првата изведба предизвикува громогласна смеа и долги аплаузи.

„Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и апсурди. Со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, оваа претстава ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. Комедијата на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе. Во истата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во месецот кога се слави и светскиот ден на театарот, Битолскиот театар со повеќе изненадувања.

 

 

Related Articles