Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамkите на официјалната конкуренција за наградите “Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција “4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.


Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата Пулскиот фестивал се трансформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватски продукции и копродукции, како и интернационална селекција.