Home » Хрватска кино премиера на „Приказната за Силјан“ за почеток на годината на Македонскиот КИЦ во Загреб

Хрватска кино премиера на „Приказната за Силјан“ за почеток на годината на Македонскиот КИЦ во Загреб

by culturalchat

Македонскиот Културно Информативен центар во Загреб, годината ја започна со кино-премиерата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, која на сите ни е позната по нејзиното претходно филмско остварување „Медена земја“, за кое беше номинирана за најпрестижната филмска награда – Оскар.Покрај водителката на „Докукино“, Дина Покрајац, публиката со воведни зборови ја поздрави Мими Ѓорѓоска Илиевска, директорка и советничка за култура на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Загреб.

„Изразуваме благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер #Рестарт и #VolimDokumentarce, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на „Приказната за Силјан“ кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција и е добитник на повеќе награди на меѓународни фестивали“.Македонскиот КИЦ во Загреб преку вакви соработки, не само што ги шири хоризонтите на регионалната културна сцена, туку доследно и достоинствено ја презентира македонската култура, филм и авторство надвор од националните граници, градејќи мостови на разбирање, дијалог и културна размена, во насока на промоција на македонските и хрватските културни вредности. Филмот е закажан за Докукино Киц  во петок, 30 јануари во 19:00 часот и во недела, 1 февруари во 17:00 часот!

Фотографии: Себастијан Боровчак

Related Articles