Популарната актерка која ја препознаваме по серијата ,,Бољи живот”, ,,Жикина династија” и многу други серии, филмови и театарски проекти, на 1 ви Април ќе гостува во Битола со урнебесната комедија ,,Обвинителка”.
Оваа комедија ги третира актуелните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? Низа комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи.
Главната улога во оваа комедија ја игра Вукичевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.
Автор на комедијата ,,Обвинителка” е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски.Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски. Ова е еден од ретките проекти поставувани на македонската театарска сцена во кој се говори на македонски и српски јазик. Со оваа изведба актерката Магдалена Ризова – Черних прославува 30 години работен стаж во театарот. Претставата е плод на соработка на нашата држава и Република Србија. Овој театарски проект е поддржан од Министерството за култура, Почесниот козулат на Република Србија со седиште во Охрид, НУ Центар за култура “Ацо Шопов” од Штип, НУ Музеј на македонската борба за самостојност, Центар за култура Битола.
Битола ќе има чест и битолчани да ја видат оваа урнебесна комедија на 1- ви Април во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот.