Home » Филмот „Жена убиец“ го отвора Фестивалот на грчки филм во Битола

Филмот „Жена убиец“ го отвора Фестивалот на грчки филм во Битола

by culturalchat
Фестивалот на грчки филм кој се одржува по четврти пат, годинава за прв пат ќе се одржи покрај во Скопје и во Битола. Вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворен во Кино Манаки со проекција на филмот „Жена убиец“ на грчката режисерка Ева Натена.
Ева Натена е родена на Крит. Студирала на Атинската школа за ликовни уметности. Работела како асистент на сценографот Дионисис Фотопулос, а потоа продолжила да работи со театарски и филмски режисери како Коста Гаврас и Пантелис Вулгарис. Трипати била наградувана со Државна награда за костимографија.
Базиран на класичното ремек дело на Александрос Пападијамантис, филмот „ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество. Но Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, бликава револуција набргу ќе биде изразена. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење… со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.
Фестивалот ќе трае до 10. април и може да се погледнат и филмовите:
 
  • 09.04 „НЕВИДЛИВ“ на Димитри Атанитис / ГРЦИЈА, 2016 / Драма / 85мин, “INVISIBLE” by Dimitri Athanitis / GREECE, 2016 / Drama / 85min.
  •      10.04 „НЕ БИ САКАЛ ДА СУМ НЕПРИСТОЕН, НО МОРАМЕ СЕРИОЗНО ДА РАЗГОВАРАМЕ“ / на Јоргос Георгопулос / ГРЦИЈА / 2019 / Комедија, драма / 99мин

Кратки филмови:

  • 08.04 „ТИШИНАТА НА РИБАТА ШТО УМИРА“ на Василис Кекатос / ГРЦИЈА, 2019 / 19мин.
  • 09.04 „БЈУТИ“ – краток филм на Танос Либеропулос / ГРЦИЈА, 2020 / 20мин.
  • 10.04 „ПОГЛЕД ОД БАЛКОНОТ“ – краток филм на Арис Капланидис / Грција, 2022 / 12мин

Related Articles