Home » Уште еден во низата успеси на Климент Ристески, овојпат со награда во Бугарија

Уште еден во низата успеси на Климент Ристески, овојпат со награда во Бугарија

by culturalchat

На Меѓународниот натпревар за руска романса “Романсијада”во Р.Бугарија,  каде настапуваат соло пејачи до 25 год, ученикот на Државното музичко училиште од Битола, Климент Ристески, освои III награда. Тој е во класата  по соло пеење кај проф.м-р Маја Митровска и настапи во пијано придружба на Елена Силјановска, корепетитор во МОБ.

Климент Ристески е роден во 2007 година во Охрид, каде завршува основно музичко образование во музичкото училиште „Методиј Патче“ во класата по виолина на наст. Кирил Белистојановски, а потоа кај наст.Елица Рашкова под чие менторство освојува II-ра државна награда. Својата музичка наобразба ја продолжува во Државно музичко училиште- Битола во класата по соло пеење на проф.м-р Маја Митровска, каде во моментов е III клас. Добитник е на I меѓународна награда за соло пеење, Молдавија 2023; II меѓународна награда за соло пеење, Србија 2023; I меѓународна награда за соло пеење Pianofest 2023; II меѓународна награда за солфеж „Михајло Николовски“ 2023; Iдржавна награда за соло пеење и II државна награда за солфеж 2024; I меѓународна награда за соло пеење Pianofest 2024; Неговиот последен успех е токму наградата во Бугарија.Учествувал во повеќе настани во организација на ДМУ Битола, соработува со Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“, во Битола и настапи на нивната свеченост по повод 30 години одбележување на нивниот јубилеј. Следно, се подготвува за својот солистичкик онцерт во Битола и Охрид.Неговата професорка за него ќе каже:

„Климент е амбициозен ученик кој плени со својот талент и умешност за музицирање на сцената. Неговата артистичност, љубовта кон театарот и оперската уметност го водат напред. Неговиот глас, иако премногу млад и сеуште кревок, плени со мекоста исто време со моќност. Верувам во неговиот успех понатаму, на сцената и во животот воопшто. Оваа награда за него треба да биде уште поголем поттик за работа и успеси. Секој успех, макар и најмал, за еден уметник е скала нагоре по која чекори во животот„.

 

 

Related Articles