Home » Учениците од Државното музичко училиште од Битола настапија на ФМУ Скопје

Учениците од Државното музичко училиште од Битола настапија на ФМУ Скопје

by culturalchat

На првиот концерт од серијалот „Нови хоризонти“, кој се одржа на Факултетот за музичка уметност во Скопје, настапија учениците од Средното музичко училиште од Битола, носејќи свежа енергија, талент и искрена љубов кон музиката. Овие млади уметници покажаа дека иднината на музиката е во сигурни раце – полна со страст, посветеност и креативност.„Горди сме на секој ученик кој храбро застана пред публиката и покажа дека музиката не е само вештина, туку и идентитет. Благодарност до организаторите, а особено проф. Марија Вршкова за можноста да бидеме дел од оваа прекрасна приказна, и до г-ѓа Панда Зографска Беличанец за фотографиите“, истакнаа од Музичкото училиште.На концертот настапија: Јелица Лазарова  III година – пијано, К. Шуман: Романса во a-moll, оп.21, наставник: Татјана Божиновска, Леонид Јанковски IV година – соло пеење, П. И. Чајковски – ”То было раннею весной…”, наставник: Никола Зацески, пијано соработник : наставник Александра Ристовска, Дафина Момироска III година – пијано, J. Брамс: Рапсодија оп.79 бр.1, наставник: Татјана Божиновска, Магдалена Ковилоска IV година  – флејта, Ива Чанова – флејта III година – флејта, Лина Димовска – пијано III година – пијано, Франц Доплер: Анданте и рондо оп.25 за две флејти и пијано, наставник: Александар Стефановски, Теодора Кулевска IV година – виолина, E.Elgar : Salut d’amour, наставник: Игор Милевски, пијано соработник: наставник Александра Ристовска, Марко Марковски III година – соло пеење Core ‘ngrato, S.Cardillo, наставник: Магдалена Наумоска, пијано соработник: наставник Александра Ристовска, Софија Михајловска III година – пијано, Ф. Лист – Концертна етида бр. 1 “Waldesrauschen”, наставник: Маја Божиновска, Ива Чанова флејта III година – флејта, Pietro Morlacchi: ,,Швајцарскиот овчар” за флејта и пијано, наставник: Александар Стефановски, пијано соработник: наставник Горјана Стојановска,  Ѓорѓи Младеновски IV година – хармоника, А. Прибилов : Соната Бр.1 I став, наставник: Владимир Андревски, Лина Димовска III година – пијано, Ф. Лист: Унгарска рапсодија бр. 4, наставник: Билјана Димовска, Леон Дојчиновски, IV година – контрабас,  Ј. С. Бах -Менует 1 и 2, Свита 1, наставник: Никола Баљаревски, Илијана Серафимова IV година – соло пеење, С. Рахмањинов : Полюбила я на печаль свою, наставник: Маја Митровска, пијано сорботник: наставник Анастасија Гичевска,  Магдалена Ковилоска IV година – флејта, Francois Borne:,,Кармен фантазија” за флејта и пијано, наставник: Александар Стефановски, пијано соработник: наставник Горјана Стојановска, Јове Атанасовски IV година, В. Монти – Чардаш, наставник: Кирил Мулоски, пијано соработник: наставник Александра Пецакова, Бојан Наумовски IV година – кларинет, В. А. Моцарт : Концерт во А-дур I став, наставник: Димитар Трајковски, пијано соработник: наставник Анастасија Гичевска, Кристијана Илиевска IV година – пијано, Ф. Лист: Концертна етида бр. 2 “La leggierezza“, наставник: Билјана Димовска.

Related Articles