„Сумнал“ од септември 2022 година, го имплементира проектот „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA (Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги). Главната цел на проектот е подобрување на социо-економската состојба на возрасните Роми преку образование од областа на ИТ технологијата и развивање на дигитални вештини и компетенции за да се оспособи возрасната популација и социјално исклучените луѓе да користат достапни електронски услуги во нивните околини, и да бидат подобро вклучени во нивните заедници и општества.
Од 31 август до 02 септември 2023 година, „Сумнал“ заедно со Факултетот за информатичко комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола беше домаќин на „Тренингот за тренери“ во рамките на проектот на кој присуствуваа партнерите од Финска, Србија и Италија. За време на тренингот на учесниците им се претстави развиената платформа за учење од страна на ФИКТ заедно со насоки како да ја користат. Потоа беше претставен и материјалот за учење од страна на тимот на „Сумнал“, а потоа следеа упатства за тоа како да се користи платформата заедно со материјалот при имплементацијата на тренингот со целната група Роми во партнерските држави.
Проектот е финансиран од страна на Националната агенција на Финска преку Еразмус + прогрматата на Европската Унија. Координатор на проектот е фондацијата „Деаконес“.