Home » „Традицијата не дефинира како народи“-Маја Андоновска Илијевски пред почетокот на „Илинденски денови“

„Традицијата не дефинира како народи“-Маја Андоновска Илијевски пред почетокот на „Илинденски денови“

by culturalchat

На денешниот прес за новинари во Битола, беше најавено 54. издание на фестивалот „Илинденски Денови“ кој оваа година има свои 13 фестивалски денови. Ова е 7. издание за директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски. Оваа година фестивалот го носи мотото ,, Уметноста на Традицијата” .

„Ако е светот една голема уметничка инсталација, на неа голем дел припаѓа на традицијата. Онаа традиција која многу често ја земаме здраво за готово,како да ни е дадена на подарок од предците , а всушност токму таа не дефинира како народи, не издвојува како уникати и не испреплетува со колективниот идентитет на човештвото. Горда на мојот идентитет – спој на традиција, раст, емпатија и желба за подобра иднина, се залагам да ја славиме различноста што го збогатува нашиот свет и да работиме рака под рака за да изградиме поубав, поинклузивен, посреќен свет. Фестивалот Илинденски денови ја слави Уметноста на традицијата веќе 54 години, и токму традицијата ја поставува како цврст темел за издигнување на нашиот фестивал меѓу фестивалите на ЦИОФФ под Унеско, фестивал кој на светот широко му ја отвора вратата на нашиот град и држава, доближувајќи го до светот 7/8 такт, звукот на зурлата и тапанот, одигрувајќи му го Тешкото и Комитското оро , фалејќи се со богатите македонски народни носии и натпевајќи ги и славеите со песна, а од друга страна, градот ни го обојува во танци, ритми и музики на земји далечни кои доаѓаат од различни континенти, докажувајќи дека на уметноста на традицијата не и треба јазик кој го говориме сите, песна која ја пееме сите, оро кое го знаеме сите… традицијата сите не вткајува во едно уметничко ремек дело“, изјави Андоновска Илијевски.

Таа додава дека овој фестивал служи како доказ за богатството и издржливоста на нашето културно наследство, потсетувајќи нè дека и покрај одминувањето на времето, нашите традиции продолжуваат да не инспирираат, едуцираат и маѓепсуваат со својата уникатност. „Илинденски денови е фестивал кој не потсетува дека традицијата останува жива и релевантна иако нашиот свет брзо се менува. Наша задача е аманетот да го предаваме на идните генерации и да го прифатат овој фестивал како можност за учење, поврзување и ценење на таписеријата на културите исткаени овде . Да инспирираме нови генерации етнолози, етнокореолози, фолклорни работници, играорци, музичари,уметници кои ќе продолжат да ги градат мостовите на разбирање и пријателство кои ги надминуваат границите. Уметноста на традицијата нека ни живее вечно и нека го обојува нашиот град преку фестивалот Илинденски денови

Related Articles