Home » Театар ХИТ оваа недела во Крушево, Велес и Охрид

Театар ХИТ оваа недела во Крушево, Велес и Охрид

by culturalchat

Приватниот театар, Театар ХИТ од Скопје ова недела повторно ќе ги радува децата ширум Македонија. Според планот на летната турнеја, театарот Хит, оваа седмица со своите актуелни претстави ќе има изведби во Крушево, Велес и Охрид. Претставите кои ќе бидат изведени се: Младиот чорбаџија, Разгалениот принц и Далматинко. Од продукцискиот тим на театарот велат дека неделните настапи се во рамките на: Манифестацијата ,,Десет дена Крушевска Република”, ,,Велешко културно лето” и проектот ,,За сите деца” кој е во соработка со Општина Охрид.
Турнејата насловена Лето 2024 , театар Хит ја завршува на 31.08.2024, а до тогаш веќе се договараат новите гостувања во соработка со неколку општини.

Related Articles