Home » Стоечки овации за изведувачите на 6.по ред концерт „Засекогаш во срцата“ во Битола

Стоечки овации за изведувачите на 6.по ред концерт „Засекогаш во срцата“ во Битола

by culturalchat

Со долготрајни аплаузи и стоечки овации беа наградени изведувачите на двата концерти „Засекогаш во срцата“ во Битола. Имено во соработка на Центарот за култура и Камерниот оркестар на Битола, беа организирани концерти во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски-Бојс.

Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената беа и гости од соседните држави. На присутните на почеток им се обрати директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски.

На двата концерта, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски-Бојс беа изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерниот оркестар на Битола. Па така публиката имаше можност да ги чуе: „Лагала нас мала“ која песна Димитар Андоновски ја изведе заедно со Бојан Стојков, „Громови на душа“, „Сонце во твоите руси коси“ во изведба на Катерина Јовановиќ, “Боже чувај ја од зло“, „Срце није камен“ во изведба на Александра Трајческа, „Морска ѕвездо“, „Цреша“ во изведба на Ана Петановска. Бојан Стојков ја испеа и „ Валерија“, Димитар Андоновски „Тајно моја“, Наде Талевска „Кога те нема“, „Полско цвеќе“, „Галеб тажен“, Ристо Самарџиев „Опасно сум вљубен во тебе“, „Остала си увјек иста“, Гоца Тржан ги испеа „ 1200 милји“, „Игри без граници“, „Чија си“.

На крај сите на публиката и ја подарија песната „ Лагала нас мала“.

Фотографии Сашо Ставрев.

 

Related Articles